Последно ажурирање: 29.09.2026
Оваа политика објаснува кои лични податоци ги собираме кога ја користиш веб-страницата excel.analytiq.mk (во понатамошниот текст: „Платформата“), зошто ги собираме, колку долго ги чуваме и кои права ги имаш. Податоците ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/2020).
1. Контролор на податоците
АНАЛИТИК 2025 ДООЕЛ
Седиште: ДИМО ХАЏИ ДИМОВ 105а, 1000, СКОПЈЕ
ЕМБС: 7871678 · ЕДБ: / (не е даночен обврзник)
Е-пошта за прашања за приватност: endi@analytiq.mk
2. Кои податоци ги собираме
- Податоци за корисничка сметка: име и презиме, е-пошта, корисничко име и лозинка (лозинката се чува исклучиво шифрирана, ние не можеме да ја видиме).
- Податоци за нарачка и фактурирање: име, адреса, телефон, назив и ЕДБ на фирма (ако купуваш во име на фирма), купени производи, износ, датум и статус на плаќањето.
- Податоци за учење и напредок: кои лекции си ги изгледал/а, резултати од вежби, квизови и Excel тестот за ниво.
- Mental Gym профил: решени предизвици, освоени XP поени, низа (streak) на последователни денови, ниво и историја на активност.
- Менторски часови и часови во живо: термин, тема и белешки што ги споделуваш со менторот; фајлови што доброволно ги праќаш за анализа.
- Комуникација: пораки преку контакт-формата или е-пошта и нашите одговори.
- Технички податоци: IP адреса, тип на прелистувач и уред, време на најава, за безбедност и спречување злоупотреба.
Податоци за платежни картички не собираме и не чуваме. Плаќањето со картичка се врши на заштитената страница на банката / процесорот на плаќања (КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д. преку CaSys cPay), кој ги обработува податоците од картичката во согласност со стандардот PCI DSS. Ние добиваме само потврда дали плаќањето е успешно.
3. Зошто ги обработуваме и врз која правна основа
| Цел | Правна основа |
|---|---|
| Креирање и одржување сметка, давање пристап до купените курсеви и Mental Gym | Исполнување договор |
| Обработка на нарачки, плаќања и издавање фактури | Исполнување договор и законска обврска (даночни и сметководствени прописи) |
| Следење напредок, XP и низа во Mental Gym, препораки за следни лекции | Исполнување договор |
| Закажување и одржување часови во живо и менторски часови | Исполнување договор |
| Сервисни е-пораки (потврда на нарачка, ресетирање лозинка, промени во термини, важни промени на услугата) | Исполнување договор |
| Маркетиншки е-пораки (новости, нови курсеви, попусти) | Согласност, можеш да ја повлечеш во секое време |
| Безбедност, спречување измами и злоупотреба на сметки | Легитимен интерес |
| Одговор на прашања преку контакт-формата | Легитимен интерес / преземање чекори пред склучување договор |
4. Е-пошта
Сервисни пораки поврзани со твојата сметка и нарачки добиваш без посебна согласност, бидејќи се неопходни за услугата. Маркетиншки пораки праќаме само ако изрично си се согласил/а (на пр. со штиклирање поле при регистрација или нарачка). Секоја маркетиншка порака содржи линк за одјава, а може да се одјавиш и со е-пошта до endi@analytiq.mk.
5. Колачиња (cookies)
Платформата користи колачиња, мали текстуални датотеки што се чуваат во твојот прелистувач.
- Неопходни колачиња (WordPress / WooCommerce): одржување на најавата (
wordpress_logged_in_*,wordpress_sec_*), кошничка и сесија за нарачка (woocommerce_cart_hash,woocommerce_items_in_cart,wp_woocommerce_session_*), безбедност. Без нив Платформата не може да работи, па за нив не бараме согласност. - Функционални колачиња / локално складирање: запомнување поставки и напредок во предизвици додека не се најавиш.
Колачињата можеш да ги избришеш или блокираш во поставките на прелистувачот; тоа може да ја оневозможи најавата и купувањето.
6. Со кого ги споделуваме податоците
Податоците не ги продаваме. Ги споделуваме само со обработувачи што ни помагаат да ја извршуваме услугата, врз основа на договор и само колку што е неопходно:
- давател на хостинг: ЗЕМИ.МК, МАКЕДОНИЈА];
- банка / процесор на картични плаќања: КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА А.Д., CaSys International;
- сервис за испраќање е-пошта: ЗЕМИ.МК;
- платформа за часови во живо и менторски часови: Google Meet;
- сметководствено биро: БО-МИЛ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ, за фактури и законски евиденции;
- државни органи, само кога тоа е законска обврска.
Ако некој обработувач ги чува податоците надвор од Република Северна Македонија (на пр. во ЕУ или САД), тоа се прави само со соодветни заштитни мерки предвидени со Законот (одлука за соодветност или стандардни договорни клаузули).
7. Колку долго ги чуваме
- Сметка, напредок и Mental Gym профил: додека сметката е активна. Ако побараш бришење, ги бришеме во рок од 30 дена.
- Фактури и податоци за плаќања: во роковите пропишани со даночните и сметководствените прописи (до 10 години), дури и по бришење на сметката.
- Пораки од контакт-форма: до 2 години од последната комуникација.
- Технички логови: до 12 месеци.
- Согласност за маркетинг: до повлекување на согласноста.
8. Твоите права
Имаш право да бараш: пристап до своите податоци и копија од нив; исправка на неточни податоци; бришење („право да бидеш заборавен“); ограничување на обработката; преносливост на податоците; да поднесеш приговор на обработка заснована на легитимен интерес; и да ја повлечеш согласноста во секое време, без тоа да влијае на законитоста на претходната обработка.
Барањето испрати го на endi@analytiq.mk. Одговараме без одложување, а најдоцна во рок од 30 дена. Дел од податоците (име, е-пошта, лозинка) можеш сам/а да ги измениш во Мојата сметка.
Ако сметаш дека твоите права се повредени, можеш да поднесеш барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (azlp.mk).
9. Безбедност
Користиме HTTPS шифрирана врска, шифрирани лозинки, редовни ажурирања и резервни копии, и ограничен пристап до податоците само за лица кои имаат потреба од нив.
10. Малолетници
Платформата е наменета за полнолетни лица. Лица помлади од 18 години може да купуваат и да користат сметка само со согласност и под надзор на родител или старател.
11. Измени
Оваа политика може да ја ажурираме. Датумот на последната измена е наведен најгоре. За суштински измени ќе те известиме по е-пошта или со известување на Платформата.