analytIQ
Back

Како функционира

Од првиот тест до сигурна работа во Excel

Курсеви на македонски, вежби во вистинска табела паралелно со видеото, деловни задачи во Mental Gym и личен ментор кога ти треба. Еве што добиваш и како се користи секој дел.

Вежба во табела на цел екран, со видео-лекцијата во долниот десен агол

Твојот пат

1

Excel тест

5 прашања, 2 минути. Дознаваш на кое ниво си и кој курс да го земеш.

2

Курс по твое ниво

Видео лекции со Excel фајл за секоја вежба.

3

Вежбај паралелно

Вежбата се отвора во табела, а видеото продолжува во аголот.

4

Mental Gym

Реални деловни задачи што го градат аналитичкиот начин на размислување.

Mental Gym · што се менува со вежбање

Аналитички начин на размислување20%
Пред: 20%После: 100%

Mental Gym ти дава 140 реални деловни сценарија од финансии, човечки ресурси, продажба, логистика и менаџмент. На пример: месечен преглед на промени во платите, буџет наспроти стварни трошоци, прогноза на готовински тек, колку чинат состаноците, матрица за одлучување. Секоја задача те тера прво да го разбереш проблемот, па дури потоа да ја напишеш формулата. Така се гради аналитичкиот начин на размислување.

Секој проверен одговор го пополнува твојот профил, па го гледаш својот напредок: кои вештини ти одат, а кои вреди да ги вежбаш.

Практична задача од Excel тестот во табела на цел екран

Чекор 1 · Excel тест

Започни со тестот од 2 минути

Не мораш да погодуваш кој курс ти треба. Тестот ти кажува каде си сега.

Што добиваш

  • Резултат во проценти и твое ниво: почетник, средно или напредно
  • Препорака кој курс е следниот чекор за тебе
  • Практична задача во вистинска табела, со објаснување ако згрешиш

Како се користи

  1. Внеси ја е-поштата и одговори на 5 прашања.
  2. Го гледаш резултатот веднаш, а го добиваш и на е-пошта.
  3. Пробај ја задачата во табела и кликни „Провери“.
Картичка „Продолжи со учење“ со напредокот во курсот

Чекор 2 · Курсеви

Курсеви по нивоа, со вежба за секоја лекција

Почетно ниво за основите, средно ниво за услови и датуми. Секој курс е составен од кратки видео лекции.

Што добиваш

  • Видео лекции на македонски, со примери од вистинска работа
  • Excel фајл со задача за лекциите
  • Пристап 4 месеци и сертификат по завршување
  • Напредок во проценти и копче „Продолжи со курсот“ до следната лекција

Како се користи

  1. Избери курс и кликни „Купи го курсот“. Плаќаш со картичка, безбедно преку CASYS.
  2. Сметката се креира сама; лозинката ја поставуваш од линкот на е-пошта.
  3. Во лекцијата кликни „Заврши“ и продолжи со следната.
Вежбај паралелно: табела и видео во аголот

Чекор 3 · Вежбај паралелно

Гледај го видеото и вежбај во исто време

Нема префрлање меѓу прозорци. Вежбата се отвора во табела во прелистувачот, а видеото станува мал плеер во аголот.

Што добиваш

  • Табела на цел екран со вистински Excel формули
  • Видеото продолжува од истата секунда
  • Датумите и формулите се прикажуваат како во Excel
  • Повеќе листови во фајлот? Се менуваат долу, како во Excel

Како се користи

  1. Под видеото кликни „Вежбај паралелно“.
  2. Вежбај; со „Поголемо“ или „Сокриј видео“ го наместуваш плеерот.
  3. „Назад кон лекцијата“ те враќа таму каде што беше.

Промените не се зачувуваат. За најдобро искуство, фајлот можеш да го симнеш и да вежбаш во Excel.

Предизвик од Mental Gym: табела и деловен случај

Чекор 4 · Mental Gym

Реални деловни задачи, во вистинска табела

140предизвици
5деловни области
3нивоа

Финансии, човечки ресурси, продажба, логистика и менаџмент. Секоја задача е кратка деловна ситуација: плати, буџети, продажба, залихи, рокови.

Што е отворено за тебе

Секој денеден бесплатен предизвик на денот
Со купен курсплус еден бонус предизвик секоја недела
Поединечноотклучи еден предизвик за 50 ден, останува твој
Со Личен Excel менторсите предизвици, 3 недели
Решени предизвицисекогаш остануваат отворени

Како се користи

  1. Отвори предизвик: табелата е на цел екран, задачата е десно.
  2. Внеси ги формулите во означените ќелии и кликни „Провери одговор“.
  3. Запре? „Покажи насока“ ти дава совет.

Твојот Excel профил

Гледаш што ти оди, а што да вежбаш

Секој проверен одговор во Mental Gym го пополнува твојот профил. По 3 предизвици го гледаш во Mental Gym и во твојата сметка.

Знаење по вештинауслови, пребарување, датуми, пресметки и други функции
Знаење по областво кои деловни области си најсигурен
Аналитички начин на размислувањекако пристапуваш кон проблемот, не само дали формулата е точна
Што забележувамекратки забелешки што да вежбаш следно

Твојата сметка

Сè на едно место

Со копчето „Профил“ горе десно ја отвораш твојата сметка.

  • „Продолжи со учење“: напредок и копче до следната лекција
  • Твојот Excel профил од Mental Gym
  • Прашањата до менторот и одговорите
  • Нарачки, сертификати и одјава
Твојата сметка: менторска недела, Excel профил и прашањата до менторот
Прозорецот „Прашај го менторот“ со напишано прашање, над предизвикот

Личен Excel ментор

3 недели лична поддршка

За кога сакаш побрз напредок и некој што ќе ти покаже што точно да вежбаш.

Што добиваш

  • Почетен профил: твоите силни и слаби страни на почеток
  • Неделен план со предизвици за твоите слаби вештини
  • 2 проверки неделно на е-пошта
  • Еден разговор од 30 минути
  • Сите Mental Gym предизвици отклучени 3 недели
  • 10 прашања „Прашај го менторот“, без рок

Прашај го менторот

  1. Во секој предизвик и вежба кликни „Прашај го менторот“.
  2. Напиши што не ти е јасно; твојата табела оди заедно со прашањето.
  3. Одговорот стига на е-пошта и во твојата сметка. Потрошени 10? Уште 10 за 1.500 ден.

Го додаваш и при плаќање на курс. Местата се ограничени.

Чести прашања

Колку долго имам пристап?

4 месеци од денот на купувањето на курсот.

Добивам ли сертификат?

Да, по завршување на курсот, со твоето име.

Како плаќам?

Со платежна картичка, безбедно преку CASYS. Пристапот е веднаш.

Треба ли да имам Excel?

За вежбите на платформата не треба; работат во прелистувачот. За фајловите е добро да имаш Excel.

Мора ли да почнам од основи?

Не. Направи го тестот и ќе знаеш дали да почнеш од основи или од средно ниво.

Имам друго прашање

Пиши ни и ќе ти одговориме лично.

Започни денес

Два минути за тестот, и знаеш каде да почнеш.