analytIQ

Excel курсеви на македонски, за секое ниво

Почни од основите или скокни директно на условите и датумите. Не си сигурен каде припаѓаш? Тестот ти кажува за 2 минути.

Почетно ниво

Изгради цврста основа

За тебе ако почнуваш од нула, ако Excel го користиш само за едноставни табели или ако формулите те плашат.

Средно ниво

Работи побрзо и попаметно

За тебе ако ги знаеш основите, а сакаш пресметките да се прават сами наместо рачно, особено кога работиш со рокови, датуми и услови.

Средно · 1 недела

Пресметки со услови

Експерт за условени пресметки и извештаи Овој мини-курс е фокусиран на вештината која ги раздвојува просечните од напредните корисници на Excel: способноста…

Заштедуваш 660 ден

Двата курса заедно

600 ден наместо 1.260 ден

Види го пакетот

Вежбај и надгради

Курсот е почеток. Вештината ја градиш со вежбање.

Mental Gym: реални Excel задачи

Деловни задачи од финансии, HR, продажба и логистика во вистинска табела. Секој ден еден бесплатен предизвик, а со купен курс добиваш и еден дополнителен секоја недела.

Пробај го денешниот предизвик →

Личен Excel ментор, 3 недели

Почетен профил на твоето знаење, неделен план за вежбање, 2 проверки неделно на е-пошта и еден разговор од 30 минути. Го додаваш при плаќање на курсот.

Имаш прашање? Пиши ни →

Чести прашања

Она што луѓето најчесто прашуваат пред да купат.

Колку долго имам пристап до курсот?

4 месеци од денот на купувањето. Доволно за да ги поминеш сите лекции со свое темпо и да се вратиш на она што ти треба.

Добивам ли сертификат?

Да. Кога ќе го завршиш курсот, добиваш сертификат со твоето име.

Не знам кое ниво сум. Од каде да почнам?

Направи го бесплатниот Excel тест: 5 прашања, 2 минути. На крајот добиваш препорака за курс и попуст.

Како плаќам?

Со платежна картичка, безбедно преку CASYS. Пристапот до курсот го добиваш веднаш по уплатата.

Можам ли да купам два курса заедно?

Да, пакетот ги содржи двата курса од средно ниво и чини 600 ден наместо 1.260 ден.

Имаш друго прашање?

Пиши ни и ќе ти одговориме лично.