Услови за користење
Со купување на курс преку analytiq.mk, корисникот се согласува со овие услови.
- Пристап до курсот
По успешна уплата, корисникот добива пристап до купениот курс преку емаил адресата внесена при нарачката. Корисникот е одговорен да внесе точна емаил адреса. - Користење на материјалите
Сите видеа, материјали, Excel фајлови, примери и содржини се сопственост на AnalytiQ и се наменети само за лична употреба на корисникот. - Забрана за споделување
Не е дозволено копирање, препродавање, јавно објавување или споделување на пристапот до курсот со други лица. - Плаќање
Цената на курсот е јасно прикажана пред финализација на нарачката. Нарачката се смета за успешна по потврдена уплата. - Поврат на средства
Доколку корисникот има технички проблем со пристапот, може да не контактира за поддршка. Поврат на средства може да се разгледа само доколку пристапот до курсот не е овозможен поради технички проблем од наша страна. - Техничка поддршка
За прашања поврзани со пристапот, плаќањето или користењето на курсот, корисникот може да не контактира преку контакт формата или официјалната емаил адреса. - Промени на условите
AnalytiQ го задржува правото да ги ажурира овие услови кога е потребно. Ажурираната верзија ќе биде објавена на оваа страница.